Маскиран вооружен маж уби американски професор пред домот на поранешната сопруга во Грција

Од:

Во предградието на Атина се случи брутално убиство, при што загина Премислав Језиорски (43), професор на Факултетот за бизнис Хаас при Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Маскиран напаѓач го застрелал од блиску, испукувајќи пет куршуми во градите и вратот додека Језиорски стоел пред куќата на неговата поранешна сопруга. Нападот се случил сред бел ден, а грчката полиција потврди дека професорот починал на местото на настанот, објавува „Њујорк пост“.

Напаѓачот избегал пеш по убиството. Сведоците го опишале како висок, атлетски маж. Грчката полиција сè уште активно го бара сторителот. Језиорски бил во Грција за судски случај на кој се одлучувало за старателството над неговите деца.

По трагедијата, неговиот брат Лукаш Језиорски се вклучил на платформата WhyDonate, каде што семејството собира пари за покривање на судски трошоци, репатријација на телото и други трошоци.

„Нашето семејство е скршено и правиме сè што можеме за да се обезбеди правда“, напишал неговиот брат.

„Пржемек беше грижлив татко на две мали деца и сакан професор. Тој беше водечки експерт во областите на маркетинг науката, индустриската организација и анализата на податоци“, додаде тој.

„Скршени сме од веста за трагичната и ненадејна смрт на професорот Пржемислав Језиорски. Нашиот фокус сега е на поддршка на заедницата. Многу ќе ни недостига“, рече деканката на Факултетот за бизнис Хаас, Џенифер Чатман.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трамп објави видео од маж кој со чекан убива жена: „Ако го увезеш Третиот свет, стануваш Трет свет“

Горан Наумовски

Обвинетиот за убиството на Борјанка Николова го смени исказот – бара ослободителна пресуда

А1он

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Истрагата откри: Гостиварец си го уби својот татко, па се обиде да ги уништи трагите

Убиство во Гостивар, уапсен синот на жртвата

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман

А1он