Марш на екстремната десница во Атина

Од:

Над 5.000 приврзаници на грчката неонацистичка партија Златна зора синоќа одржаа марш низ улиците на Атина, со кој ја одбележаа годишнината од грчко-турскиот пограничен инцидент од 1996 година, кој предизвика сериозна криза во односите меѓу Грција и Турција.

Учесниците на маршот носеа запалени факели и извикуваа антиамерикански, антитурски и антиимигрантски пароли. Маршот, за време на кој демонстраните минаа и пред Амбасадата на САД во Атина, мина без инциденти.

Во 1996 година Грција и Турција дојдоа на прагот на меѓусебна војна поради два ненаселени острови во Егејското Море во близина на турскиот брег, кои и Атина и Анкара ги сметаат за своја територија. Инцидентот беше инициран од националисти од двете страни, кои поставија свои знамиња на островите.

zlatna-zora-mars

Состојбата дополнително се вжешти со пад на грчки воен хелкиоптер кој беше во извидничка мисија во регионот, при што загинаат тројца офицери.

Вооружен конфликт меѓу двете земји беше избегнат благодарејќи на интервенцијата на САД, кои посредуваа во смирување на тензиите.

Отстранувањето на грчкото знаме од осторвите, од страна на националистите во Грција беше оценето како капитулација на Атина.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе