Мандатот на ЕУЛЕКС продолжен од Советот на ЕУ, наместо од Парламентот

Од:

Косовскиот Парламент не успеа вчера да го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство за усвојување на законот за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС за уште две години, така што тоа го стори Советот на Европската унија. 

Мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС истече на полноќ, а деталите на новиот мандат и овластувањата ќе бидат соопштени следните денови.

Неуспехот да се свика седница на Собранието го потврди шефот на пратеничката група на ДПК Адем Грабовци.

И покрај напорите на претседателот Хашим Тачи, премиерот Иса Мустафа и претседателот на Парламентот Кадри Весељи седницата не беше одржана.

На седницата прв пат по долго време присуствуваа и пратеници на радикалното опозициско движење Самоопределување, но тоа не беше доволно за да се обезбеди потребното мнозинство за усвојување на споменатиот закон, чиј предлог Владата вчера го достави до Парламентот.

На сите договарања за свикување на Парламентот присуствуваше и шефот на мисијата на ЕУ во Приштина, Самуел Жбогар. 

Советот на ЕУ синоќа ја објави одлуката за продолжување на мандатот на мисијата на ЕУЛЕКС на уште две години. 

Советот на Унијата и Владата на Косово оценија дека продолжувањето на мандатот на мисијата е неопходно за да се обезбеди поддршка на косовските институции и владеењето на правото. 
Советот ја продолжи мисијата до 14 јуни 2018 година и одобри буџет од 63,6 милиони евра, 
Мисијата на ЕУЛЕКС на Косово почна во 2008 година.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски