Мандатарот Орешковиќ ја претстави новата хрватска влада

Од:

Мандатарот на хрватската влада Тихомир Орешковиќ денеска ги објави кандидатите за потпретседатели на владата и министри, кои утре треба да бидат одобрени од Саборот, јавува Хина.

Орешковиќ истакна дека во последните 10-15 денови разговарал со најмалку 60 кандидати, чии идеи ќе ги искористи како премиер, а на граѓаните им се заблагодари на трпението за долготрајниот процес за формирање на владата.

– Овој тим е мој тим, среќен сум и горд на тимот. Подготвен сум да преземам одговорност и сите заедно да почнеме да работиме, посочи Орешковиќ.

За прв потпретседател на владата е предложен претседателот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко, додека лидерот на МОСТ, Божо Петров ќе биде потпретседател на владата.

За министер за финансии предложен е Здравко Мариќ (менаџер во Агрокор), а за министер за надворешни и европски раноти Миро Ковач, (ХДЗ), за министер за внатрешни работи – Влахо Орепиќ (МОСТ), за економија Томислав Панениќ, за одбрана Јосип Буљевиќ, за правда Анте Шприље.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари