Макрон – Мицотакис: Франција и Грција имаат заедничка стратешка визија

Од:

Нашите две земји имаат заедничка стратешка визија, геополитичка визија во Европа и во Медитеранот, порача претседателот на Франција, Емануел Макрон по средбата со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, кој од своја страна додаде дека за сите теми за кои разговарале имаат „заедничка перцепција и заедничко чекорење“.

Билатералната економска и одбранбена соработка, регионалните европски прашања, бегалскиот/ мигрантскиот проблем, новиот буџет на ЕУ, случувањата во Источниот Медитеран, климатските проблеми, Брегзит биле дел од темите за кои станало збор на нивната денешна средба во Париз, а како што изјави и самиот Макрон на прес конференцијата, разговарале и за „проширувањето на Европската унија со Западен Балкан, но и за многу други прашања“, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на последните случувања во Источниот Медитеран, францускиот претседател ја повтори позицијата на официјален Париз за активностите на Турција, како и за договорот со Либија.

Франција ги поддржува Грција и Кипар во однос на почитувањето на нивните суверени права во морето, осудувајќи ги, заедно со нашите европски партнери, провокациите од Турција.

Ја повторивме нашата загриженост и разговарвме за договорот што неодамна беше склучен меѓу Либија и Турција и секако ја осудивме на јасен начин, рече Макрон и додаде дека Турција во изминатите денови го прекршува она што било договорено во Берлин.

Грчкиот премиер повтори дека било кое решение за Либија, како предуслов треба да го има поништувањето на меморандумите меѓу Либија и Турција.

Единствениот начин за решавање на разликите во Источниот Медитеран е меѓународното право. Грција инсистира на ова, покажувајќи воздржаност, но и решителност да го брани својот суверенитет и нејзините законски права.

И во овој контекст, Атина го поздравува присуството на француските морски сили во Источниот Медитеран како гаранти на мирот. И ѝ е драго што ќе соработува со нив, рече Мицотакис.

Францускиот претседател и грчкиот премиер се договориле за нова рамка и продлабочување на стратешката соработка во безбедноста.

Макрон и Мицотакис истакнаа дека е потребна заедничка европска политика за азил во рамките на една заедничка политика во ЕУ за миграциското прашање.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Ле Пен повикува на востание

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски