Предупредување од Макрон: Франција ќе биде „нефлексибилна“ ако Британија ја напушти ЕУ

Од:

Франција ќе биде „нефлексибилна“ ако Британците изберат да ја напуштат Европската унија“, предупреди францускиот министер за економија, пренесува дописникот на МИА од Париз.

– Или сме во, или надвор од Унијата – изјави министерот за економија, Емануел Макрон, кој тврди дека Франција ќе биде непопустлива во однос на Велика Британија, ако Британците изберат да ја напуштат Европската унија.

Во интервјуто објавено во викенд изданието на париски „Ле Монд“ тој вели дека Европскиот совет ќе го стори истото.

Европскиот совет од 28 јуни мора “да им даде ултиматум на Британците за нивните намери и претседателот на републиката (Франција)ќе биде многу јасно во овој поглед”, објаснува тој.

– Ние не можеме, и тоа е во интерес на ЕУ да се остави да лебди двосмисленост и да помине премногу време. На денот по излегувањето, ќе нема повеќе финансиски пасош за британските институции- предупредува тој.

Макрон смета дека Британците, ако тие сакаат да имаат и понатаму пристап до европскиот пазар, ќе треба да придонесуваат за буџетот на ЕУ, како Норвешка и Швајцарија.

Во случај на одбивање, “тоа мора да биде целосно излегување”, инсистира министерот.

Па дури и ако гласањето биде во полза на продолжување на останувањето на Велика Британија во Европската унија, Емануел Mакрон нагласува дека специјалниот статус до кој се дојде со преговори на почетокот од оваа година од страна на Лондон, не треба потоа да се бара од страна на други држави.

– Нашиот предизвик, следниот ден, е двоен: да се спречи контаминација на Брегсит, и веднаш да се врати динамика на позитивниот проектот за Европа- нагласува тој.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија