Македонците од Aлбанија бараат изучување на македонскиот јазик

Од:

Во организација на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо собрани се 45 потписи од родители Македонци од Требиште, со кое се бара воведување на македонскиот јазик во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Голо Брдо.

На иницијатива на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, собрани се 45 потписи од родителите на децата што учат во основносто училиште “10 покојници” во Требиште, Општина Требиште, Голо Брдо.

Овие потписи заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година се доставени до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија.

Во барањето на македонското друштво “МОСТ” стои:

“Друштвото “МОСТ”, со седиште во Требиште, Општина Требиште, е регистрирано во Окружниот суд во Тирана на 21.12.2011 година, и негова мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското малцинство во Голо Брдо, како и заштита на јазикот и образованиете на македонски јазик во Голо Брдо.

Македонците кој живеат во Голо Брдо беа признаени од Албанската држава од 1945 до 1949 година, ова го потврдуваме со изводите од тоа време каде ни беше запишана националноста Македонец, како и училиштата што се отворија на македонски јазик во тој период, со македонски учители од Македонија…

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент