МАЈЕ: Медиумите во време на кризата покажаа дека се најважниот канал за комуникација со граѓаните

Од:

На светскиот ден на слободата на медиумите, во ек на глобалната пандемија предизвикана од коронавирусот, медиумите уште еднаш покажаа дека се клучни актери во општеството и дека играат една од најважните улоги. Покрај тоа што ги едуцираат граѓаните, се обидуваат секој од нив да го заштитат од најголемиот здравствен ризик во модерната историја, преку навремено и точно известување, истовремено медиумите ја чуваат демократијата во момент кога човековите права на повеќето луѓе на планетата во некоја мерка им се ограничени.

Ова го истакнаа денеска од Медиумската асоцијација на Југоисточна Европа (МАЈЕ), посочувајќи дека медиумите во време на криза покажале дека се најважен канал за комуникација со граѓаните и дека за нив е потребно да се обезбеди дополнителна финансиска поддршка од сите влади во регионот.

– Сепак, и покрај фактот дека медиумите се една од најважните столбови на секое демократско општество, поголемиот дел од медиумската индустрија се соочува со неизвесна иднина, што е предизвикана од падот на глобалната економија поради Ковид-19. Во момент кога од медиумите се очекува да работат повеќе од кога било и сите информации да ги пласираат што е можно побрзо, приходите на пазарот на повеќето медиуми не овозможуваат ниту основно преживување, нагласи извршниот директор на МАЈЕ, Вук Мараш.

МАЈЕ ги повика сите влади од регионот покрај постојаните, итно да обезбедат и дополнителни форми и фондови за поддршка на сите медиуми, со цел да се обезбеди во услови на криза медиумите во целосен обем да можат да ја извршуваат својата функција и редовно да ги информираат нивните граѓани.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

A1on

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите