Лутовац ги повика граѓаните мирно да го изразат незадовоството на утрешните протести во Белград

Од:

Еден од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија и претседател на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац денеска ги повика граѓаните кои учествуваа во протестите во повеќе од 100 градови низ Србија да дојдат утре во Белград, апелирајќи мирно да го изразат своето незадоволство од режимот на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ.

Лутовац на прес-конференција најави дека утре на протестот во Белград на граѓаните ќе им бидат прочитани барањата на опозицијата и на незадоволните граѓани, а говорници ќе бидат лидерите на опозицијата и јавни личности.

Тој додаде дека апелира до граѓаните да не потпаѓаат под провокации и истакна дека протестот треба да се одржи мирно и ненасилно.

На новинарско прашање дали лидерите на опозицијата планираат штрајк со глад, како што тврдат претставниците на партиите на власт, Лутовац рече дека опозицијата тоа го нема најавено, исто како и упаѓањето во Собранието на Србија, за да мораат тие да го ја бранат.

– Ова е претстава за луѓето и обид да се сврти вниманието од суштината, рече Лутовац, одговарајќи на денешнате прес конференции на првиот спикер Маја Гојковиќ, која повика на „одбрана на Собранието“ и најавите и демантите на штрајк со глад на министерот за одбрана Александар Вулин и пратениците на СНС.

Претседател на Новата партија (НС), Зоран Живковиќ побара од новинарите да проверат „зошто е дојдена наредба кујната во Собранието на Србија да работи цела ноќ.“

Во меѓувреме, на повикот на Маја Гојковиќ за дијалог, се огласија пратениците од опозицијата – од Демократската партија, пратеничката Маринка Тепиќ и заменик-претседателот на Социјалдемократската партија – Народна партија, Мирослав Алексиќ, кои изјавија дека нема да одговорат на поканата на првиот спикер на Собранието, Маја Гојковиќ на разговори околу натамошното продолжување на работата на Собранието. Од друга страна, претседателката на опозициската Партија на модерна Србија, Татјана Мацура, ќе одговори на повикот, бидејќи е застапник на дијалогот.

– Фактот што овој повик е испратен денеска, по сите овие месеци и години работа во Собранието, а особено помалку од 24 часа пред утрешниот протест на граѓаните и опозицијата, е нешто што не изгледа како сериозна, а пред сè искрена покана за дијалог, изјави Горан Кириќ од Демократската партија (ДС).

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин