Луначек: ЕУ нема да дозволи српска држава во рамките на Косово

Од:

 Европската унија нема да дозволи Србите да добијат своја држава во рамките на државата Косово, како што беше во Босна и Херцеговина, изјави денеска известувачот на Европскиот парламент за Косово, Улрике Луначек.

– ЕУ нема да дозволи нешто слично на Република Српска во Косово, истакна Луначек.

Нејзината изјава уследи откако пред две недели српските власти побараа автономија за српското малцинство во северниот дел од Косово.

– Србија и Косово треба да се насочат кон решавање на прашањата во рамките на дијалогот, што двете земји го водат од март 2011 година под патронат на ЕУ, посочи Луначек.

Следната средба меѓу српските и косовските претставници е планирана за 17 јануари во Брисел.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ