Лирман во посета на Тирана: Перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ

Од:

Германската министерка за Европа, Ана Лирман, која денеска престојува во посета на Тирана, изјави дека„ перспективата на Албанија и западен Балкан е во ЕУ“, што според неа е од стартешко значење.

dobivaj vesti na viber

-Сакам јасно да ставам до знаење дека перспективата на Албанија и Западен Балкан е во ЕУ, што е од стратешко значење. Тоа е во интерес на Албанија и Македонија, но и на ЕУ и стабилноста во регионот. Работиме за доброто на луѓето во многу сектори. Западен Балкан е важен за Европа. Ја поддржуваме соработката на земјите од Западен Балкан. Процесот мора да биде сеопфатен и отворен. Затоа, потребен е напредок, рече таа.

На заедничката прес-конференција со потпретседателот на албанската влада и министер за обнова, Арбен Ахметај, порача дека Албанија не треба да прави чекор назад во започнатите реформи, зашто тоа ќе му наштети на евроинтеграцискиот процес.

– Албанија направи чекори напред. Формирани се структури за борба против криминалот и корупцијата. Пред обвинителната клупа се изнесени високи функционери и криминални групи. Не треба да прави чекор назад во започнатите реформи, бидејќи тоа ќе го поткопа реформскиот процес, нагласи таа.

Министерката порача дека за продолжување на реформите потребна е соработка меѓу власта и опозицијата.

Ахметај од своја страна оцени дека неговата земја ги завршила сите домашни задачи, изрази загриженост за доцнењето на формалното отворање на преговорите со ЕУ, додавајќи дека сите анкети покажуваат дека 90 отсто од Албанците го поддржуваат процесот на интеграција во ЕУ.

-Ние веќе ја завршивме целата „домашна работа“. Денеска нема земја од ЕУ што може да каже дека има проблем со Албанија, што може да го попречи формално отварање на преговорите. Сепак, иако Европската комисија три години по ред потврдува дека Албанија си ја завршила својата „домашна задача“, иако Европскиот совет постојано го констатира истото, сè уште нема датум за формално отворање на преговорите. Веруваме дека тоа ќе се случи во следните 6 месеци, изјави Ахметај.

Лирман ќе се сретне со премиерот Еди Рама со заменик министерката за Европа и надворешни работи, Меги Фино, во отсуство на министерката Олта Џачка, која учествува на отворената дебата во Советот за безбедност на ОН на тема „жените, мирот и безбедноста“.

Таа ќе оствари средба со претставници на граѓанското општество и со Алберт Хани, претседател на регионалното биро за младинска соработка, RYCO).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба Вархеји- Џачка

Ана Ололовска

Албанија: Нема кандидатура за претседател, утрешниот прв круг на гласање пропадна

Албанскиот Парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница

А1он

Конференцијата за одржлив развој на туризмот во Тирана: Ни треба регион отворен за нови пазари и иновативни идеи

Ана Ололовска

Финалето на Конференциската лига ги „полуде“ цените во хотелите во Тирана, ноќевање чини од 303 до 1.900 евра

А1он

Рама повтори дека СПАК треба да почне истрага за Бериша

А1он