Лидерот на партијата Независни Грци под истрага поради повик за „линч“

Од:

Против лидерот на грчката опозициска десничарска партија Независни Грци (АЕ), Панос Каменос се води истрага под обвинение дека ги повикал своите поддржувачи да го линчуваат еден градоначалник, поради спор околу експлоатација на рудник за злато.

Грчкиот државен обвинител побара истрага за наводното поттикнување на насилство, откако на видео снимка објавена минатиот викенд на интернет Каменос вели: „Градоначалникот не треба повеќе да се движи. Линчувајте го“.

Каменос денеска не ги негираше своите зборови, само истакна дека тоа го кажал за време на „приватна средба со граѓани“. Подоцна тој го напуштил студиото за време на телевизиското интервју во живо.

Активисти на грчкиот полуостров Халкидики се против плановите за експлоатација на рудникот за злато од страна на канадската компанија „Елдорадо Голд Корпорејшн“, тврдејќи дека тоа е штетно за животната средина.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе