Лидерите на Израел, Грција и Кипар се договориле да ја зајакнат соработката во повеќе области

Од:

За зајакнување на соработката, унапредување на заедничките интереси и за заедничка соработка за мир, стабилност, безбедност и просперитет во Медитеранот и поширокиот регион, се согласиле премиерите и Грција и Израел Кирјакос Мицотакис и Нафтали Бенет и претседателот на Кипар Никос Анастасиадис по трилатералната средба одржана во Ерусалим.

Во заедничката декларација по состанокот, тројцата лидери истакнуваат дека трилатералната соработка меѓу Израел, Грција и Кипар „претставува центар на заеднички интереси што ги поврзува Европа, Источниот Медитеран и Блискиот Исток“, а се осврнуваат на сите прашања за кои станало збор: надворешната политика, климатските промени, соработката во енергетскиот сектор, пандемијата.

Велат дека потребна е „дипломатија што гради мостови“ и изразуваат решителност да го постигнат тоа.

Додаваат дека очекуваат интензивирање на соработката со САД со цел планирање учество на политичко ниво на некоја од следните средби.

Осудуваат секаков вид тероризам и поттик на насилни активности и ја повикуваат меѓународната заедница заедно да работи за ограничување на движењето на терористите

Лидерите на Израел, Грција и Кипар, според декларацијата, го сметаат енергетскиот сектор, а особено природниот гас и обновливите извори на енергија, како цврста основа за соработка во регионот, „врз основа на меѓународното право, вклучувајќи го и морското право и почитувањето на права на сите држави да ги остварат своите суверени права во нивната ексклузивна економска зона/континентален гребен“.

-Убедени сме за потребата на нашата трилатерална соработка и ќе продолжиме тесно да работиме за целосно да ги искористиме сите можности во корист на нашите земји и нашите народи, како и на поширокиот регион, пишува во декларацијата.

Тројцата лидери се договориле, следната трилатерална средба да се одржи на Кипар во втората половина на 2022 година.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите