Лидерите на црногорската опозиција обвинети за подготовка на терористички напад

Од:

Црногорското Специјално јавно обвинителство до Вишиот суд во Подгорица денеска достави предлог-обвиненија против неколку лица, меѓу кои се и двајца од лидерите на опозициската коалиција Демократски фронт, под сомнеж дека „подготвувале терористички напад“ на денот на парламентарните избори во Црна Гора, 16 октомври минатата година.

Како што јави државната Телевизија на Црна Гора (ТВЦГ), покрај лидеирте на ДФ, Милан Кнежевиќ и Андрија Мандиќ, со обвинението се опфатени уште двајца членови на опозициската коалицја, неколкумина српски државјани, како и Русите, Едуард Шишмаков и Владимир Попов.

Според Обвинителството, Шишмаков и Попов биле „организатори на криминалната група“, која го подготвувала нападот, додека останатите се товарат за „членување во криминална организација“.

ТВЦГ јави дека Судот има рок од 15 дена да реши дали ќе го прифати предлог обвинението.

Црногорските власти на денот на ланските избори ја обвинија опозицијата дека се подготвувала да изврши државен удар во земјата и да го убие тогашниот премиер Мило Ѓукановиќ. Според Подгорица, зад целата оваа акција стоела Москва, која наводно биле лута на црногорските власти поради зачленувањето на земјата во НАТО.

Русија досега во неколку наврати ги отфрли ваквите обвинување од Подгорица.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора