Лекиќ најави рационални потези на опозицијата

Од:

Лидерот на Демократскиот фронт Миодраг Лекиќ изјави дека опозицијата, која не ги признава изборните резултати, сериозно и рационално ќе влече потези во интерес на заштитата и законитоста, заштита на интересите и достоинството на земјата.

Претходно, известувачот на Европскиот парламент за Црна Гора Чарлс Танок дека е против протестот поради резултатите од претседателските изботи и апелираше до сите политички партии да се вратат во Парламентот.

– Ги повикувам сите политички сили да не одат на бојкот и да се вратат во Парламентот. Тоа е единственото и право место за политичките различности и за решавање на политичките прашања, посочи Танок.

Тој наведе дека во Црна Гора по претседателските избори постоеја одредени проблеми, но оти Државната изборна комисија ја потврдила демократичноста на тој процес.

Во Црна Гора настана политичка криза по претседателските избори на кои според резултатите од Државната изборна комисија победи претседателскиот кандидат на Демократската партија на социјалистите (ДПС) и актуелен шеф на државата Филип Вујановиќ, додека изборниот штаб на Миодраг Лекиќ не ги признава резултатие.

На протестот на приврзаниците на Лекиќ во Подгорица побарано е донесување на посебен закон во Парламентот со кој би се поништиле резултатите од претседателските избори одржани на седми април и би се распишале нови избори.

Претседателот на Собранието на Црна Гора Ранко Кривокапиќ вчера го одби таквиот предлог со образложение оти тоа би било преседан.

Демократскиот фронт одлучи и понатаму да го бојкотира црногорскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора