Лавров во посета на Словенија и Србија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ќе престојува во посета на Словенија и Србија.

Лавров во Љубљана ќе има средби со словенечкиот државен врв и ќе потпише меморандум за основање на Меѓународен центар на Втората светска војна, по што вечерва ќе пристигне во Белград.

Посетата на рускиот министер за надворешни работи на Белград се остварува на покана на шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по повод одбележувањето на 180 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Србија и Русија.

За време на дводневата посета на Србија, како што јави дописникот на МИА од Белград, Лавров ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ, со кои ќе разговара за билатералните односи, економската соработка, состојбата на Западен Балкан и Косово.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни