Лабуристите повторно победија на парламентарните избори на Малта

Од:

Малтешките владејачки лабуристи прогласија трета победа по ред на вчера одржаните парламентарни избори, при што опозициската централно-десничарска Националистичка партија го призна поразот.

На Лабуристичката партија во кампањата за изборите и одеа во прилог неколку фактори: силната економија и управувањето со кризата со Ковид-19, при што владата великодушно им помагаше на бизнисите и на потрошувачите.

-Индикаторите јасно покажуваат дека Лабуристичката партија освои големо мнозинство. Ние сме повеќе од почестени од резултатот, изјави премиерот и лидер на лабуристите Роберт Абела.

„Малта ни даде силен мандат“, кажа потпретседателот на партијата Даниел Микалеф.

Ова ќе биде првиот изборен мандат за Абела, кој стана лидер на партијата и премиер на малта во јануари 2020 година, заменувајќи го дотогашниот премиер Џозеф Мускат, кој се повлече од функцијата поради драстично нарушениот углед на партијата по атентатот во 2017 година на истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, која ја разоткри корупцијата и нејзините врски со лабуристите.

Убиството на новинарката ја шокираше Малта и светот, а поради обидите да се влијае на истрагата, Мускат мораше да поднесе оставка од премиерската функција на почетокот на 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Анѓушев: Благодарност до Малта за мандатот, не можам да бидам конзул со сенка врз моето име

А1он

Малтешкото МНР му ја прекина на Анѓушев функцијата почесен конзул на Малта

А1он

(ВИДЕО) Хаос на убаво туристичко место на Малта: Туна предизвика метеж на плажа, луѓето мислеа дека е ајкула

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Млад Македонец загина на Малта

Горан Наумовски