Куртулмуш: Турција очекува помош од меѓународната заедница во борбата со тероризмот

Од:

Турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш изјави дека Турција очекува поголема солидарност од страна на меѓународната заедница во нејзината борба против тероризмот, јави агенцијата Анадолија.

– Нашите пријатели од земјите кои испратија пораки за поддршка до Турција (по двата вооружени напада во Истанбул), треба заеднички со Турција да ја водат борбата против тероризмот. Ја сметаме поддршката изразена од овие земји за поволна, но во истовреме сакаме да истакнеме дека според нас, тоа не е доволно, рече Куртулмуш по владината седница одржана синоќа.

При двојниот бомбашки напад, извршен во саботата покрај стадионот „Водафон Арена“ во Истанбул, загинаа 44 лица, а 155 беа ранети.

Многу држави, меѓу кои и САД, Ирак и Франција, го оквалификуваа нападот како терористички акт и и изразија солидарност на Турција.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски