Курти: Заедницата на српски општини како „мини влада“ ќе може да соработува со Путин

Од:

Албин Курти, екс лидер и актуелен пратеник на косовското националистичко движење „Самоопределување“, изјави дека стравува од можноста заедницата на српски општини во Косово да биде „мини влада“ која ќе воспостави контакти со рускиот претседател Владимир Путин.

Курти,кој е основач на Движењето, најави дека опозицијата е единствена за тоа до крај да се спротивстави на формирањето на Заедницата.

– Заедницата на српски општини во Косово ќе има свој претседател, знаме и симболи, целосна контрола на економскиот развој,на руралните и урбани планирања, здравството, образованието и културата, изјави Курти за редакцијата на црногорски јазик на косовската државна телевизија.

Тој додаде дека Заедницата ќе има администрација и таканречен Извршен борд, што,според него, ќе формира „мини-влада“ која ќе има седум членови.

-Заедницата ќе има право да воспостави дипломатски односи со други сродни заедници, како што се Србија, Русија и Белорусија, рече Курти.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ