Курти: Одложување на спроведувањето на одлуките на Владата под услов да се отстранат барикадите

Од:

Косовскиот премиер Аlбин Курти денеска на Твитер напиша дека одлуката да се одложи до 1 септември одлуката за реципроцитет е донесена под услов да се отстранат сите барикади и да се воспостави целосна слобода на движење.

„Во соработка со нашите меѓународни сојузници, се обврзуваме да го одложиме спроведувањето на одлуките за регистарските таблички на автомобилите и документите за влез и излез на граничните премини со Србија за 30 дена, под услов да се отстранат сите барикади и да се врати целосната слобода на движење

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечља, соопшти дека на граничните премини на Косово почна да се издаваат документите за влез, со исклучок на пунктовите Јариње и Берњак, кои се уште се затворени поради барикади.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Пендаровски: Политичка поддршка премиерот Курти може да даде кому сака

Косовски медиуми известуваат за план за атентат врз Курти, МВР демантира

А1он

Ахмети: ДУИ е победник на изборите уште пред да се одржат, а тоа го знаат и македонските и албанските партии

Орце Костов

Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Катерина Ѓуровски

Средба на претседателот Пендаровски со косовскиот премиер Албин Курти