Средба на претседателот Пендаровски со косовскиот премиер Албин Курти

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Приштина оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти, соопштија од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

На средбата се разговарало за севкупната соработка меѓу двете држави, при што било оценето дека двете држави одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, со отворен дијалог на сите нивоа и бил изразен интерес за нејзино унапредување во сите сфери од заемен интерес.

Како што стои во соопштението, на средбата биле разменети мислења и информации за актуелните состојби во регионот, вклучувајќи го дијалогот Белград – Приштина. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакнал дека во услови на мултиплицирани кризи и безбедносни предизвици на глобално ниво, од голема важност за стабилноста на Западен Балкан е изнаоѓањето на решенија на отворените прашања преку дијалог и меѓусебно разбирање.

– Претседателот Пендаровски ја реафирмираше поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово, посочувајќи дека како членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата и дава активен придонес во поддршката на мирот во Косово преку учеството во мисијата КФОР, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Нам не ни треба враќање назад во историјата, нам ни требаат можности за младите да останат дома

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Сиљановска-Давкова води пред Пендаровски со над 130.000 гласови

Орце Костов

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ