(ВИДЕО) Инцидент во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше јајца кон Курти

Од:

Констутитивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти повторно побара дополнително време за разговори со партиските лидери за изборот на претседател. Ова предизвика незадоволство кај пратениците, а додека Курти одеше од говорницата кон своето место, пратеничката на Алијанса за Косово, Тиме Кадријај, фрли јајца кон него, по што пратениците на Самоопределување станаа за да го заштитат.

Претседавачот на седницата, Авни Дехари, потоа повика обезбедување во салата и ја прекина седницата. На почетокот на конститутивната седница, кога се очекуваше да предложи кандидат за претседател на собранието, Курти, повторно побара дополнително време.

„Сè уште немаме политички договор, па за да избегнеме нови избори, барам дополнително време“, рече тој.

Конститутивната седница на собранието беше прекината и во четвртокот бидејќи Курти побара дополнително време за разговори со опозицијата за избор на претседател.

Би можело да ве интересира

Курти очекува новите власти во Србија да го променат пристапот кон Косово

А1он

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

Курти пред победа на изборите во Косово

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат