Курти пред победа на изборите во Косово

Од:

Гласачките места во Косово се затворени по одржувањето на вонредните парламентарни избори, а според првичните излезни анкети најмногу гласови освои движењето „Самоопределување“ на актуелниот премиер Албин Курти.

Според проекциите објавени по затворањето на избирачките места, „Самоопределување“ добило околу 42,3 отсто од гласовите. На второ место е Демократската партија на Косово (ПДК) со 21,6 проценти, додека Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) освоил околу 17,3 проценти.

Станува збор за неофицијални резултати добиени преку анкетирање на гласачите веднаш по гласањето, па конечниот изборен резултат може да се разликува по официјалното пребројување на гласовите.

Во овие проценки не се вклучени гласовите од дијаспората, кои се собираат преку дипломатско-конзуларните претставништва, како и гласачките ливчиња испратени по пошта, што би можело да влијае врз конечната распределба на пратеничките мандати.

Според првичните информации на косовските медиуми, излезноста на изборите се движела меѓу 40 и 45 проценти од регистрираните гласачи. Официјалните резултати се очекуваат по завршувањето на пребројувањето од страна на Централната изборна комисија на Косово.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Курти очекува новите власти во Србија да го променат пристапот кон Косово

А1он

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он