(ВИДЕО) Тензично пред косовскиот парламент: демонстрантите фрлаат молотови коктели, полицијата одгвори со солзавец

Од:

Во Приштина вечерва дојде до насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараат пратениците да ги изгласаат измените на Законот за Специјализираните совети, со кои би можеле да бидат опфатени и Хашим Тачи и поранешни припадници на раководството на ОВК.

На влезовите и излезите од дворот на Собранието на Косово распоредени се засилени полициски сили. Во близина на Собранието се фрлаат молотови коктели, а полицијата употребува солзавец.

Полициски единици за контрола на масовни немири се распоредени околу Собранието. Според информациите од терен, има физички пресметки меѓу полицијата и демонстрантите.

Собранието претходно во начело ги усвои измените на Законот за Специјализираните совети, но тие треба да поминат и второ читање, односно гласање за секој член одделно, за да стапат во сила.

Гласањето за измените не се одржа бидејќи владејачката партија на премиерот Албин Курти инсистира најпрво да се избере нов претседател на Косово. Рокот за избор на претседател истекува за околу 24 часа.

Демократската партија на Косово (ПДК), најголемата опозициска партија, соопшти дека ќе го поддржи изборот на претседател, но бара најпрво да бидат усвоени измените на Законот за Специјализираните совети.

Во близина на Собранието има запалени огнови, додека полициските сили се распоредени по улиците.

Би можело да ве интересира

Тренерот на Австрија изненаден од теренот во Косово: „Ова е ливада“

Фон дер Лајен: Пресудата од Хаг мора да се почитува, никој не може да ја прекројува историјата на Косово

А1он

Обвинителството во Хаг бара казната за Хашим Тачи наместо 25 да биде 31 година затвор

А1он

Четврти ден протести на плоштадот во Приштина против пресудата во Хаг – најавен е собир во Њујорк пред зградата на ОН

А1он

Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмети за пресудата за Тачи

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Илјадници граѓани во Приштина со свирежи и солзи ја пречекаа пресудата за Тачи и поранешните команданти на ОВК