Курти: Косово има потреба од избори и нова влада

Од:

Лидерот на една од најголемите косовски опозициски партии, Движењето Самоопределување (ВВ), Албин Курти, порача дека народот на Косово има потреба од нови избори и од нова влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

На синоќешниот собир во Пеќ во рамки на кампањата „Против ПАН-грабежот“, Курти рече дека со Косово владее коалиција која „немилосрдно го троши буџетот и имотот на Косово“.

– Имаме потреба од нови избори, затоа што ни треба нова влада, која ќе ја запре корупцијата, ќе ја ослободи државата од тие што ја држат во заложништво, ќе ја ориентира еконимијата кон производството, ќе го поврзе образованието со економијата и ќе формира суверен фонд и развојна банка, рече Курти.

Оваа влада, според лидерот на ВВ, инвестира единствено во скапи проекти, оставајќи ги на страна елементарните работи, затоа што, како што рече, „тие чинат евтино и од нив не можат многу да украдат“.

– Како може да се трпи оваа Влада која на асфалт троши 10 пати повеќе одошто за Приштинскиот универзитет и 20 пати повеќе на водоводи и канализации. Канцеларијата на премиерот троши речиси двојно повеќе отколку за Советот на обвинители. Не се бори така против криминалот и корупцијата. Во нашите болници нема ампули, инјекции, нема маски. Знаете зошто ги нема? Бидејќи чинат евтино и од нив не може да се украде многу, рече Курти.

Мотото на ВВ „Против ПАН-грабежот“ се однесува на владејачката коалиција, која ја сочинуваат Демократската партија на Косово (ПДК) на претседателот на Собранието Кадри Весели, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај и на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лимај.

ВВ минатата недела најави дека ќе организира масовни протести со цел смена на Владата на Харадинај, како и на претседателот на државата Хашим Тачи. Поддршка на партијата на Курти за уривање на Владата преку гласање недоверба во Собранието најави и најголемата опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на поранешниот премиер Иса Мустафа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски