Курти им се заблагодари за честитките на Нетанјаху и Ердоган, не го спомнува Ерусалим

Од:

Лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да биде иден косовски премиер по победата на неговата партија на парламентарните избори на 14 февруари, им упати писма на премиерот н Израел Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, во кои им се заблагодари за честитките за изборната победа, но не го спомна прашањето на отворањето на амбасадата на Косово во Ерусалим.

Во писмото до Нетанјаху, Курти вели дека ќе го посети Израел „во погодно време за двете страни‘ нагласува дека гледа на воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави како на можност за јакнење на политичката економската и културната соработка.

– Нашата нација историски ја почитува еврејската заедница. Како иден премиер на Република Косово, ќе ми претставува чест да ги адресирам прашањата на еврејската заедница и нејзиното наследство во нашата земја. (…) Благодарам за поканата да ја посетам вашата пријателска држава и тоа ќе го направам во едно погодно време за двете страни, му напиша Курти на израелскиот премиер.

На турскиот претседател, пак, идниот косовски премиер му се заблагодарува за „поддршката од турската држава и народ во решавачките времиња“ за косовската држава.

-Кога ќе се формира нашата влада ќе настојувам да ги прошириме и продлабочиме нашите односи преку нашата отворена и искрена комуникација и соработка, му пишува Курти на Ердоган.

Курти минатата недела се најде „меѓу два огна“, откако, од една страна, Нетанјаху го покани на отворањето на косовската амбасада во Ерусалим, додека Ердоган му побара да го занемари договорот од 4 септември во Соединетите Американски Држави, со кој Косово се обврза да ја отвори својата амбасада во тој град, наместо во Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски