Курти го повика Демократскиот сојуз на Косово да се обедини со ВВ за претстојните избори

Од:

Лидерот на опозициското Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти ја повика најголемата косовска партија, опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК) и нејзиниот лидер Иса Мустафа заеднички да настапат на претстојните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на денешната прес-конференција, свикана по вчерашната оставка на Рамуш Харадинај од премиерската позиција, рече дека обединувањето на двата најголеми опозициски субјекта „ќе донесе голема победа и за Косово“.

– Ние сме во постојана комуникација со ЛДК. Заинтересирани сме да создадеме еден субјект кој ќе ја врати надежта во Косово и ќе предизвика синергичен ефект за да биде, не само голема победа, туку да има и масовна излезност, изјави Курти.

Тој очекува конкретни чекори околу постигнувањето политички договор веднаш по завршувањето на внатрепартиските избори во ЛДК, кој е веќе започнат и се очекува да се финализира на почетокот на идниот месец.

Курти го повика претседателот на Косово Хашим Тачи да свика средба на парламентарните партии со цел да се одреди датумот на вонредните избори.

Лидерите на ВВ и ЛДК, Курти и Мустафа, во последно време остварија неколку средби, но досега не истапиле со идеја за обединување на двете партии.

По вчерашната оставка на Харадинај, и Курти и Мустафа побараа итно свикување на вонредни парламентарни избори и ја отфрлија идејата за формирање техничка влада.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски