Курти: Европската комисија го претстави список ригорозни мерки против Приштина

Од:

Премиерот на Косово, Албин Курти денеска потврди дека Европската комисија на Европскиот парламент му доставила листа на мерки против Косово.

Курти на состанокот на владата во Приштина рече дека Европската комисија ги презентирала мерките во средата и изјави дека Приштина е „најискрениот и најстабилен сојузник и партнер“ на ЕУ во регионот поради „нејзините европски вредности, демократски принципи и долгорочни интереси“.

Тој рече дека во некои случаи Приштина била критична кон ЕУ, но никогаш не била цинична или огорчена и дека ја цени поддршката и помошта на Европската унија во изминатите години.

Генералниот директор за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман, претходно оваа недела ги објави мерките што Европската комисија ќе ги предложи против властите во Приштина поради непочитување на барањата за деескалација на северот на Косово.

Копман објасни дека овие мерки вклучуваат замрзнување на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, суспендирање на европските фондови за Косово и прекинување на политичките контакти со властите во Приштина.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Пукотница во Приштина: Убиен е маж, жена е тешко ранета

Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје

САД го повика Курти да ја одложи одлуката за укинување на динарот

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Нерегистрирано во Македонија, движењето на Курти влезе во коалицијата на Меџити, Касами и Гаши