Курти бара забрзување на интеграцијата на Косово и Западен Балкан во ЕУ

Од:

Косовскиот премиер Албин Курти, по повод Денот на Европа, порача дека е потребна „заложба дека ќе се брани и забрза проектот на Европската унија со интегрирањето на Косово и на целиот Западен Балкан“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на неговата страница на Фејсбук напиша дека, заедно со земјите од регионот, ЕУ треба да ги интегрира и Украина, Грузија и Молдавија, како „мирољубиви европски држави“

Според косовскиот премиер, „ЕУ е проект и процес за Европа и за сите нејзини граѓани кои веруваат во вредностите на слободата и демократијата, правдата и еднаквоста, човековите и граѓанските права, слободата на изразување и на медиумите, владеењето на правото и независноста на судството“.

– Тие вредности денес се бранат во Украина. Таму, наспроти еден деспотски агресор и окупатор, се брани идејата за една слободна и обединета Европа. Токму на овој ден потребна ни е заложба дека ќе се брани и забрза проектот на Европската унија со интегрирањето на Косово и на целиот Западен Балкан и на сите мирољубиви европски држави, вклучително Украина, Грузија и Молдавија, напиша Курти.

Според него, „Косово е најдемократската држава во Западен Балкан“.

– Ние веруваме во демократија која се бори против автократите, во владеење на законот што се бори против корупцијата и во развиена економија која ја подига благосостојбата за сите. Со нашето владеење докажуваме дека за Косово ЕУ започнува дома, со заживување на промените кои ја трансформираат нашата земја и го забрзуваат зачленувањето во ЕУ, напиша Кути.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Кој ќе добие над 50.000 евра мора да е јавно објавен – Одобрени шест милијарди евра за Западен Балкан

Анита Петровска Рајковиќ

Анкета на ИРИ: 43 отсто од Србите, 27 отсто од Македонците и 25 отсто од Црногорците го обвинуваат Западот за војната меѓу Русија и Украина.

Предраг Петровиќ

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне