Кучи: Нема да има српска кампања на Косово

Од:

Заменик премиерот и министер за правда на Косово, Хајредин Кучи изјави дека косовската страна нема да го смени својот став за забрана на мешање на официјални лица од Србија, во предизборната кампања за локалните избори закажани за 3-ти ноември.

-Ние сме за тоа локалните Срби да добијат поддршка и да излезат на изборите, но не и да имаме српска изборна кампања на Косово, рече Кучи за „Коха диторе“.

Тој додаде дека и косовскиот премиер, Хашим Тачи, на состанокот со српскиот колега Ивица Дачиќ во Брисел ќе го изнесе истиот став.

-Верувам дека ставот на косовската страна е во согласност со Уставот на Косово, бриселскиот договор, но и европскиот дух, рече Кучи, кој пред владата на Косово е задолжен да одлучи за барањата на српските официјални лица за посета на Косово.

Српскиот премиер Дачиќ, во петок требаше да го посети Штрпце и да учествува на предизборниот собир на Граѓанската иницијатива „Српска“, листата која што има поддршка од владата на Србија, но косовските власти тоа не му го дозволија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски