Крвав семеен конфликт во Велико Градиште: Полицаец уби зет и 19-годишна внука, па се самоуби

Од:

Трагедија го потресе Велико Градиште во источна Србија, каде денеска околу 13:30 часот дојде до пукање во семејна куќа. Според првичните информации, граничниот полицаец Б. К. со пиштол пукаше во својот зет и 19-годишната ќерка на сестра му, по што си го одзеде животот. Двајцата починаа на местото на настанот.

Според српските медиуми, инцидентот наводно бил последица на долгогодишен конфликт поврзан со нерешени имотно-правни прашања. На местото на злосторството се наоѓаат полициски екипи и обвинители, а истрагата е во тек.

Подоцнежните информации од српските медиуми наведуваат дека во пукањето биле ранети и две жени – сестрата на убиецот17:38 29.08.2026 и мајката на неговиот зет. Тие биле пренесени на лекување.

Засега надлежните не ги соопштиле сите детали за мотивот и околностите на трагичниот настан.

Би можело да ве интересира

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Пукање во Норвешка: Има загинати

Предраг Петровиќ

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ

Пленковиќ крена тревога поради Србија: „Ова е шопинг-манија“ – Загреб ги информираше партнерите

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски