Кривокапиќ најави формирање на нова црногорска влада до 11 ноември

Од:

Мандатарот Здравко Кривокапиќ соопшти дека новата црногорска влада треба да се формира до 10 или 11 ноември.

„Немаме многу време и треба да добиеме нова влада до 10 или 11 за да се справиме со проблемите“, рече Кривокапиќ за Прва ТВ.

Тој повтори дека ќе има експерти на клучните позиции во владата, како и некои политичари.

„Во нашето опкружување е невозможно владата да биде целосно експертска, но политичарите кои влегуваат во владата ќе мора да покажат експертиза во ресорите што ги водат“, изјави Кривокапиќ.

Тој не сакаше да открие кој ќе биде прв човек на безбедносните служби, но посочи дека областа треба да им се остави на професионалци.

„Човекот кое ќе се грижи за безбедноста на Црна Гора и граѓаните треба да биде компетентен професионалец кој не размислува партиски“, додаде Кривокапиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора