Криминална организација за 4.000 евра нелегално пренесувала мигранти од Грција во Италија

Од:

Грчката полиција разби криминална организација која по морски пат пренесувала мигранти од Грција во Италија, а наплаќала по 4.000 евра од човек, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на акцијата во соработка со грчката крајбрежна служба биле уапсени осум лица, а спречено 19 странски државјани, меѓу кои и четири деца нелегално со брод да стигнат во Италија.

Како што соопштија од грчката полиција, членовите на криминалната организација од центарот на Атина ги пренеле 19-те лица до морски карпест дел каде што ги чекал бродот, а од крајбрежната служба биле пресретнати неколку часа подоцна, во близина на островот Идра.

Криминалната организација била активна од ноември минатата година, а секој од членовите имал посебна улога.

Функционирала на начин што прво преку огласи барале соодветни бродови за нелегално пренесување на мигрантите, а по купувањето, барале потенцијални мигранти за да им понудат пренесување во Италија.

Во паралелна акција на полицијата, во различни делови на областа Атика биле уапсени уште шест членови на криминалната организација, како и еден таксист што бил задолжен за превезување на мигрантите.

Операцијата на грчката полиција е дел програмата “Европска мултидисциплинарна платформа против криминални закани”, и била спроведена во рамките на Националниот оперативен план на Грција, а во соработка со Грчката крајбрежна стража, Европскиот центар за борба против нелегална трговијата со луѓе на Европол и Националната агенција за криминал на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Европол: 14 лица уапсени во Шпанија и Португалија за перење пари

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Европол: Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со Вагнер групата

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа