Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Од:

После најавата на шефот на новата германска влада дека систематски ќе спроведува строга миграциска политика од првиот ден, што вклучува затворање на границите за нелегалните имигранти, австрискиот канцелар Кристијан Штокер предупреди на неопходноста од координација со австриските власти.

„Се надевам дека ќе најдеме решение за внатрешните граници на Европската Унија кое ќе биде во духот на партнерството и кое ќе се базира на постојните закони“, изјави новиот австриски канцелар Кристијан Штокер во интервју за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Тој реагираше на најавите на идниот германски канцелар Фридрих Мерц и началникот на кабинетот Торстен Фрај дека мерките за спречување на нерегулиран влез во Германија ќе бидат спроведени „од првиот ден“ од доаѓањето на власт на новата христијанско-социјалдемократска влада, која треба да положи заклетва во вторник.

Штокер објави дека Австрија „нема да прифати назад никого“ кој ќе биде вратен од австриско-германската граница „надвор од постапката регулирана со закон“.

Новата германска влада објави дека ќе им забрани влез во Германија на сите оние кои доаѓаат да аплицираат за азил и кои претходно влегле во Европската Унија преку друга земја-членка. Воедно, беше нагласено дека подготовката на овие мерки се спроведува во договор со соседите Австрија, Полска и Франција.

Фридрих Мерц планира да ги посети Франција и Полска на својот прв ден како канцелар.

Штокер (Австриска народна партија ÖVP) генерално ја поздрави најавата на новата германска влада дека поинтензивно ќе се бори против нерегуларната миграција, но во исто време истакна дека е потребна уште подобра заштита на надворешните граници на ЕУ.

„Тоа мора да биде заедничка цел“, рече Стокер.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски