Красниќи не сака Харадинај да биде премиер на Косово

Од:

Претседателот на косовскиот парламент и актулен генерален секретар на владеjачката Демократска партија, Јакуп Красниќи кој е единствен кој јавно ги критикува инситуциите и партијата чиј член е, смета дека влезот на Рамуш Харадинај во Владата е нелогично, кога „се знае дека во времето кога владата била на Алијасата за иднината на Косово имало многу скандали“, јави дописникот на МИА.

Красниќи во интервју за весникот „Зери“ оценува дека дебатата за можна коалиција е со цел да се отргне вниманието од реалните проблеми кои ги има Косово и од скандалите кои ја деградираа земјата.

Тој продолжува да го критикува инсталирањето на недемократски струи во редовите на Демократската партија, додавајќи дека тука се приближуваат луѓе со одредени интереси и оти луѓето визонери се елиминираат.

Красниќи оценува дека влегувањето на Кадри Весели е само официјализирање на неговата власт внатре во партијата и оти тој имал големо финасиско влијание во изборот на луѓето во Владата.

Според Красниќи, Весели, не може да донесе промени во ДП. Тој е категоричен дека има голем број незадоволни во ДП, но оти се плашле да зборуваат отворено.

Незадоволството со случувањата во партијата, кај Красниќи е присутно подолг период а односите, според весникот, со премиреот Тачи се замрзнати. Тој деновиве не ја отфрли можноста да формира нова политичка артија од членови на Демократската партија.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ