Красниќи и Љимај го напуштаат Тачи, ќе формираат нова партија

Од:

Претседателот на косовското Собрание Јакуп Красниќи изјави дека заедно со Фатмир Љимај и уште неколку други членови ја напушта Демократската партија на Косово (ДПК) на премиерот Хашим Тачи и подготвуваат формирање на нова политичка сила, пишува денеска весникот „Зери“.

Красниќи нагласи дека му е жал што заминува од ДПК, но дека „не гледа друг излез“. Тој смета дека ДПК се претворила во тоталитарна партија и го игнорира мислењето на интелектуалците.

Красниќи додава дека се подготвува да формира нова партија, каде ќе доминираат демократските вредности, „а не гласот на тоталитарен лидер како што е Хашим Тачи во ДПК“.

– Имав понуди и од „Самоопределување“ на Албин Курти и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај, меѓутоа сепак ќе останам доследен со основање на нова партија, нагласи претседателот на косовското Собрание.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски