Красниќи го напуштa Тачи и ќе формира нова партија?

Од:

Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи, воедно и генерален секретар на владејачката Демократска партија на Хашим Тачи, за првпат не ја отфрла можноста по изборите во партијата да формира нов политички субјект.

– Секако дека не отрфлам таква опција. Посакував опција која е најдобра за граѓаните на Косово. Идејата за нова партија целосно не сум ја формулирал, во тој правец нештата многу ќе зависат од случувањата, изјавил Красниќи за радио телевизија 21.

Според Красниќи, тој посакувал Демократската партија на Косово да биде силна партија, која ќе ги цени вредностите, која ќе гради вредности, која ќе нуди поодговорно владеење на сите нивоа, јави дописникот на МИА.

И во оваа прилика Красниќи побарал да му се извинат оние кои ги прислушкувале неговите телефонски разговори.

Би можело да ве интересира

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ