Кралот на Ромите погребан во стаклен ковчег со клима

Од:

Неколку илјади Роми го испратија својот „крал“ Флорин Чоаба (58) кој минатата недела почина од срцев удар на одмор во Турција.

Некрунисаниот крал на најголемото европско малцинство во неговиот роден град Сиби во Трансилванија е погребан во голем стил. Поворката на ожалостените долга дури шест километри го следела починатиот од неговата куѓа до гробот во ковчег со клима-апарат и стаклен капак, по пат поминувајќи покрај големи транспаренти со ликот на Флорина, наведува Ројтерс.

Чоаба бил омилен водач во ромската заедница. Сопругата Марица ја оженил кога имала 14 години и со неа добил четири деца. Се прогласил за крал откако по 1997. година церемонијално ја преземал улогата од татко му кој за време на холокаустот бил депортиран во СССР.

Самокрунисаниот крал на Ромите го испратиле и многу сограѓани кои не се припадници на неговата заедница.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет