Косовското Собрание ќе расправа за формирањето на специјалниот суд

Од:

Косовското собрание денеска би требало да разгледува уставни амандмани за формирање специјален суд за злосторства на поранешната ОВК, јавуваат приштински медиуми.

Опозицијата веќе се изјасни дека ќе гласа против, а според медиумите, постои можност против да бидат и дел од пратениците на владејачкото мнозинство.

Досега осуммина пратеници од Демократската партија на Косово најавиле дека ќе бидат против специјалниот суд.

Меѓународната заедница предупредува дека  ако Косово не го формира тој суд ќе биде основан под закрила на Обединетите нации. Косовското Собрание има 120 пратеници, а за изгласување на амандманите потребни се 80 гласови.

Амбасадорите на членките на СБ на ОН ги повикаа властите во Приштина што побрзо да го формираат специјалниот суд за злосторства на ОВК.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски