Косовското движење „Самоопределување“ собира доброволни прилози за изборната кампања

Од:

За финансирање на предизборната кампања за локалните избори во Косово, што ќе се одржат на 3 ноември, движењето „Самоопределување“ собира доброволни прилози од граѓаните, јави дописникот на МИА.

Пред почетокот на предизборната кампања, во акцијата „Дарувај за промени“, движењето успеало да собере 39.252 евра, но очекува вкупно да собере 252.000 евра, колку што, според портпаролот на партијата Ерзен Враниќи и се потребни за предизборната кампања што почна на 3 октомври.

– Нам не ни се доволни средствата што ги добиваме од Фондот за подршка на политичките субјекти, од каде за 2013 година добивме нешто помалку од 500.000 евра. За сегашната кампања нам ни се доделени само 5.300 евра, изјави Враниќи.

Лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти за финансирање на изборната кампања на неговата паерија за парламентарните избори во Косово, што се одржаа на 12 декември 2010 година, го продаде сопствениот стан. Вакво нешто дотогаш се немаше случено во Косово.

Станот, кој се наоѓал во населбата „Дарданија“ во Приштина, Курти го продал за 70.000 евра. Со овие пари тој го помогна „Самоопределување“ и се врати да живее со неговите родители. „Самоопределување“ е познато по неговите определби за обединување на Косово, Албанија и на сите други „албански територии во регионот“ во една држава.

На локалните избори на Косово учествуваат 103 политички субјекти, од кои 50 се албански, 31 српски, 9 турски, 3 црногорски, по два ашкалиски и ромски и по еден на Горанците, Египќаните и Хрватите. Во трката за градоначалници учествуваат 224 кандидати, а за членови на општинските совети 7.740 кандидати.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски