Косовските власти апелираат до граѓаните да избегнуваат собири

Од:

По нападите во Париз и терористичките закани во неколку европски земји, Владата на Косово упати апел до своите граѓани да ги избегнуваат пофрекфентните места, како концерти, спортски натпревари, ноќни клубови, автобуски станици и трговски центри.

Како што јави дописникот на МИА, косовскиот премиер Иса Мустафа го свика Советот за безбедност на кој е дискутирано околу опасноста од терористички напади во Косово.
– Косово е активен дел од глобалната алијанса против тероризмот и насилниот екстремизам и има одговорност во таа заедничка борба. Претставниците на институциите кои се грижат за безбедноста присутни на средбата инфомрираа дека ги зголемиле безбедносните мерки и ја го подигнале степенот на подготвеност, стои во соопштенето од средбата.

Во соопштението се наведува дека се зголемени полициските патроли на јавните места, околу државните институции, странските мисии и дипломатските претставништва, главните улици, мултиетничките средини, верските, образовните и културните институции, како и пред објектите каде има поголема фреквенцијата на млади.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски