Косовските Срби очекуваат Тачи да биде „претседател на мирот“

Од:

Лидерот на Српската листа, Славко Симиќ изјави дека коалицијата на партиите на косовските Срби очекува новиот претседател на Косово, Хашим Тачи да биде „претседател на мирот“, јави дописникот на МИА.

– Прво од господинот Тачи очекуваме да биде претседател на мирот, стабилноста и соработката во нашето општество. Треба да кажам дека досегашната претседателка Атифете Јахјага, беше најнезависна инстанца во Косово, кон која секогаш се обраќавме за да го решиме политичкиот вакуум и да биде посредник меѓу власта и опозицијата, изјавил Симиќ.

Како што објави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, Симиќ нагласи дека косовските Срби очекуваат Тачи „да направи повеќе“ за сите задници во Косово и да биде независен орган кому сите ќе можат да му се обратат.

Тачи, кој вчера положи заклетва во косовскиот Парламент вети дека целосно ќе се посвети на зачувување на „косовската независност, суверенитет и територијален интегритет“, како и на „гарантирање на човековите права и слободи, почитување и заштита на Уставот и законите, чување на мирот и благосостојбата на сите граѓани“.

Денеска пак на плоштадот „Скендербег“ во Приштина ќе се одржи официјалната церемонија за инаугурација на новиот претседател, на која ќе присуствуват околу 1.200 гости од 50 земји.

Како што јавија приштинските медиуми, трите најголеми опозициски партии во Косово, Движењето Самоопределување, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово најавија дека планираат да ја спречат церемонијата на инаугурација на Тачи, меѓу другото и со користење на вувузели.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски