Косовските Срби не го прифаќаат договорот од Брисел

Од:

Србите од северниот дел на Косово денеска одржаа протест во Косовска Митровица од каде порачаа дека не го признаваат постигнатиот договор во Брисел за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина.

На протестот, кој се одржа под името „Северно Косово и Метохија останува во Србија“, исто така, е побарано српските граѓани да се изјаснат на референдум за предложениот договор и беше оценето дека „е време за основање Собрание на Автономната покраина Косово и Метохија“.

Заменик-директорот на владината Канцеларија за Косово Крстимир Пантиќ во петокот на прес-конференција во Звечан истакна дека врз основа на она што се гледа во договорот тој е апсолутно неприфатлив, бидејќи се предвидува полицијата и судството да бидат во рамки на косовските закони и нема никакви врски со српските институции, оценувајќи го како дефинитивно повлекување на Србија од оваа територија.

– Ние ќе се консултираме со нашите граѓани за натамошните чекори и доколку расположението на нашите граѓани е такво, а сигурен сум дека ќе биде, тогаш ние ќе ја продолжиме борбата и нема да дозволиме овие, како и сите претходни договори, да се спроведат на терен, истакна Пантиќ.

Тој ги повика граѓаните да останат мирни да и дадат поддршка на локалната самоуправа, да не им потклекнуваат на емоциите и да останат храбри какви што биле во изминатите 14 години, а од српскиот премиер Ивица Дачиќ побара да го посети Косово и да им објасни на граѓаните што потпишал во Брисел.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот