Косовските Срби ќе ги бојкотираат локалните избори

Од:

Парламентот на српските општини во северно Косово денеска едногласно изгласа Србите да ги бојкотираат локалните избори во Косово, што треба да се одржат на 3 ноември.

Вкупно 91 пратеник од привременото собрание на косовските Срби на средба во градот Звечан гласаа во полза на резолуцијата, и покрај притисокот од страна на српската Влада.

Тие изјавија дека планираните избори ги нарушуваат српските закони и ќе доведат до идно меѓународно признавање на Косово.

Пратениците изјавија дека неуспехот на српскиот Уставен суд да се произнесе по законитоста на бриселскиот договор предизвикал „непоправлива политичка и правна штета“.

– Претставници на Србите нема да учествуваат на локалните избори во Косово бидејќи тоа би значело дека државата Србија во целост би се повлекла од јужната српска покраина, изјави денеска началникот на Косовско-митровскиот округ Раденко Недељковиќ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски