Косовските Срби ја прекинаа блокадата на патот кај Рударе

Од:

Косовските Срби синоќа ја прекинаа блокадата на магистралниот пат Косовска Митровица – Лепосавиќ во местото Рударе, кај Звечан, откако од притвор беше oслободен Слободан Репиќ, а на Жарко Веселиновиќ му беше одреден едномесечен притвор.

Портпаролот на Косовската полиција, Бесим Хоти, за агенцијата Анадолија изјави дека во текот на ноќта се отстранети сите препреки од патот.

– Одблокиран е магистралниот пат Митровица – Лепосавиќ и во текот на ноќта се отстранети сите препраки. Сообраќајот се одвива без проблеми, изјави Хоти.

Одлуката за ослободување на патот, што беше блокиран во понеделникот по апсењата на Веселиновиќ и Репиќ, е донесена по разговорот на локалните Срби со претставниците на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово.

ЕУЛЕКС вчера соопшти дека Вишиот суд во Митровица одлучил на Жарко Веселиновиќ да му одреди притвор од 30 дена, додека Слободан Репиќ ослободен од полицискиот притвор.

Двајцата осомничени за обид за убиство и за незаконско користење на оружје во врска со инцидентот од декември 2012 година, а Веселиновиќ́ дополнително се товари и за уште едно дело незаконско поседување оружје, соопшти ЕУЛЕКС.

Веселиновиќ и Репиќ се уапсени во понеделникот во близина на Звечан, а во знак на протест поради нивното апсење Србите три дена го блокираа магистралниот пат Митровица – Лепосавиќ во местото Рударе.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски