Косовските институции и невладини утре организираат собир за поддршка на Украина

Од:

Невладини организации и институции на Република Косово во косовската престолнина утре ќе одржат собир за поддршка на украинскиот народ во справувањето со руската агресија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Собирот преку својата страница на Фејсбук го најави пратеникот на владејачката косовска партија, Движење Самоопределување, Хаки Абази, кој ги повика граѓаните да излезат утре напладне во центарот на Приштина, „во знак на солидарност и подддршка на украинскиот народ, на неговите легитимни претставници и на неговата херојска борба за одбрана на слободата и демократијата“.

– Уништувањето на инфраструктурата, чистењето на селата и градовите од воените машинерии, долгите редици на луѓе кои ја преминуваат границата за да бидат побезбедни, се свежи сеќавања на војната низ која помина нашиот народ… Ние како народ, за време на српската агресија на Косово, наидовме на поддршка од демократските народи и држави во најтешките денови на нашата нова историја, поради што се солидаризираме и сочувствуваме со големата болка која ја доживува народот на Украина овие денови, напиша Абази.

Денеска помала група косовски Срби се собраа во Северна Митровица, во знак на поддршка на Русија и на нејзината воена интервенција во Украина. Учесниците на протестот, кој се одржа пред бистата на некогашниот руски конзул, Григори Степановиќ, носеа српски државни знамиња и банер со пораката „Подршка на руските браќа и на Русија од Србите од Космет (Косово и Метохија)“.

Околу петнаесетина граѓани кои излегоа на собирот ги повикаа Русите и Украинците да најдат заедничко решение и, како што порачаа, „да се обединат против западот“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Средба кој ги менува работите: Путин оди во Северна Кореја

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина

Шолц: Русија во иднина ќе мора да учествува на конференција за Украина

Предраг Петровиќ

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Мудрик: Ќе играм на Европското првенство, додека моето семејство дење и ноќе се соочува со руски проектили

Предраг Петровиќ

Русија ги претстави „змејовите“-новите фрлачи на пламен

Предраг Петровиќ