Косовскиот парламент го усвои законот за Трепча во второто читање

Од:

Косовскиот Парламент синоќа, во второто читање, го усвои законот за Трепча.

како што наведува весникот „Зери“, од 93 присутни пратеници, 79 гласале „за“, 14 биле воздржани и ниту еден против.

веднаш по усвојувањето на нацрт-законот во првото читање, пратениците од Српска листа вчера ја напуштија собраниската сала. маратонската седница почна во 10 часот, а по усвојувањето во првото читање, косовскиот парламент продолжи со работа и после полноќ, бидејќи за да биде усвоен, законот мораше да го мине и второто читање.

Со законот за Трепча се предвидува 80 отсто сопственост да има Владата во приштина и влез на Владата во можни партнерства со приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски