Косовски ветерани протестираат против ЕУЛЕКС

Од:

Стотици албански ветерани од косовскиот конфликт протестираа со барање мисијата на ЕУ во Косово ЕУЛЕКС да ја напушти земјата, по апсењето минатиот месец на поранешниот бунтовник и актуелен политичар Фатмир Лимај за извршени воени злосторства, јави БТА.

Демонстрантите скандираа „ЕУЛЕКС Надвор!“ и носеа транспаренти со амблемот на веќе забранетата Ослободителна војска на Косово (ОВК) пред седиштето на мисијата во Приштина.

Претставникот на асоцијацијата на албански ветерани Мухарем Џемаили денеска изјави дека мисијата сака да „ја оцрни борбата на ОВК“.

ЕУЛЕКС мисијата, која брои околу 3.000 члена, помага на Косово во случаите поврзани со воени злосторства и организиран криминал. Таа често има судири со владејачката коалиција, која е составена главно од поранешни борци, јавуваат американски медиуми.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски