Косовски тинејџер раскажува како требало да замине во џихад во Сирија

Од:

Шеснаесет годишно момче од косовскoто место Витина, пред истражните органи ја раскажало историјата како одлучило да се придружи на радикалната група Исламска држава во Сирија, јави дописникот на МИА.

Момчето со иницијали Д.И. на 5 август на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина, беше спречено да замине за Турција. При контрола рекло дека поседува само лап топ и мобилен и признало дека оди за Истамбул, а потоа за Сирија.

Како што вели, одлучил да го напушти школувањето и да се бори, а преку Фејсбук дошол во контакт со неколку лица кои имале врски со албанските џихадисти во Сирија.

– Со овие лица почнав да комуницирам пред околу два месеца пред да одлучам за заминам. Главно мое беше инсистирањето да заминам за Сирија. Тие ми кажаа како може да стигнам таму. Целта на моето патување беше прво да стигнам во Истанбул, потоа да одам за Сирија, за да се борам, изјавило момчето, кое пред полицијата кажало дека нема родители и оти живее во беда заедно до баба му и една роднина, по што почнало силно да плаче.

Според момчето, два месеца откако воспоставило контакт со лицата преку фејсбук, отишоло во туристичка агенција и купило билет за авионскиот лет за Истамбул. Наводно при купувањето на билетот и заминувањето до аеродромот, Д.И. бил сам, но имајќи ја предвид  големата сиромаштија во која живеел, истражителите се сомневаат во веродостојноста на ова тврдење.

Д.И. не е единствениот случај Косовци да се обидат да заминат за Сирија или веќе да се дел од џихадистите на ИД. Многу од нив во Сирија се заедно со сопругите и децата.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски