Косовски претприемачи за утре најавија двочасовна блокада на преминот Јариње

Од:

Претприемачите од северниот дел на Косово најавија за утре од 10 до 12 часот блокада на граничниот премин Јариње, бидејќи сметаат дека косовските институции го кршат постигнатиот договор, јави Танјуг.

Според еден од претставниците на бизнис заедницата од северно Косово Славиша Милентијевиќ, косовските институции го кршат Договорот за интегрирано управување со премините на Јариње од првиот ден откако тој стапи во сила.

Милентијевиќ нагласи дека бизнисмените од Северно Косово не сакаат да плаќаат данок на косовските институции туку на Република Србија, што е причина за нивната блокада најавена за утре на преминот Јариње.

За време на протестот ќе бидат пуштени само приоритетни возила, како што е брза помош, а ако косовските цариници продолжат со инсистирање на царинење на стоката, претприемачите ќе ги радикализираат протестите, истакна Милентијевиќ.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски